Напади врз неколку муслимански култни места во Франција

Од:

Напади врз неколку муслимански култни места во три француски града се извршени од синоќа, откако вчера во крвав напад врз сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во Париз беа убиени 12 лица.

Три гранати се фрлени врз џамија во градот Ман во Западна Франција, два пати било пукано врз муслиманска молитвена сала во Пор ла Нувел, во јужна Франција, додека експлозија со криминален карактер одекна пред арапски ресторан во близина на џамија во Лион, во источниот дел на земјата.

Францускиот минстер за внатрешни работи Бернар Казенев ги повика медиумите да покажат воздржаност по вчерашниот крвав напад во Париз, јави ДПА.

Според Казенев некои од вестите во медиумите биле неточни и повика за контрола на објавените информации и самоконтрола, со цел да се овозможи на оние, што се во први редови во борбата против криминалот и тероризмот да ги завршат своите истраги.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен