Напададнат е Харков: 12 повредени, меѓу кои четири деца, погодени се станбени згради

Од:

Во напад со руски беспилотни летала извршен ноќеска во три области на Харков, повредени се 12 лица, меѓу кои четири деца, погодени се станбени згради и автомобили и предизвикани се неколку пожари, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов.

„Непријателот повторно го нападна Харков со самоубиствени беспилотни летала. Регистрирани се 11 удари. Гранатирањето погодило станбени области, образовни институции, градинки и инфраструктура. Десетици автомобили биле оштетени, прозорците на училиштата и куќите биле скршени. Најмалку 12 лица биле повредени, меѓу кои четири деца“, изјави Терехов на Телеграм.

Според него, гранатирањето предизвикало пожари во станбени згради и образовни институции.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина