Напад со нож во Норвешка, студент рани двајца универзитетски професори

Од:

Двајца професори денеска се ранети со нож, едниот потешко, а другиот полесно, а инцидентот се случил во зградата на универзитетот во Осло, соопшти норвешката полиција. Уапсен е студентот осомничен за нападот.

Околностите и причините за нападот се уште се нејасни, јавуваат норвешките медиуми.

„По добиената дојава за можен напад со ладно оружје, полицијата интервенираше и го уапси напаѓачот“, изјави на прес-конференција полицискиот претставник Кристијан Бјорберг.

„Веројатно се работи за професорите и нивните студенти“, додаде таа.

На местото на настанот се запленети два ножа. Претставник на итна медицинска помош изјави дека една жртва била примена во болница во критична состојба, додека другата се здобила со полесни повреди.

Инцидентот се случи во зградата на Институтот за труд, кој е дел од Универзитетот во Осло.

Би можело да ве интересира

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Селаковиќ: Се чувствувам добро, синоќа непознато лице ме нападна од зад грб

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

А1он

Обид за убиство во Крива Паланка, ја избодел со нож во вратот