Жена бомбаш-самоубиец активира експлозив во градот Дифа во Нигер, неколку часа откако градот беше нападнат од припадници на исламистичката група Боко харам од соседна Нигерија.
Се уште не е познат бројот на жртви во првиот самоубиствен напад на Боко харам во Нигер.
Нападот врз градот Дифа почна синоќа, а борбите меѓу Боко харам и армијата на Нигер траеа до утрото, кога екстремистите беа принудени да се повлечат. Неколку часа по одбраната на Дифа жената-самоубиец го активирала експлозивот на пазар во Дифа.
Екстремистите минатата недела нападнаа цели во Камерун и во Нигер. Претставници на Африканската унија вчера во главниот град на Камерум, Јаунде, предложија формирање на сили за борба против Боко Харам од 8.750 војници од Нигарија, од Чад, од Камерун, од Нигери и од Бенин. Силите можат да бидат распоредени на почетокот од идниот месец, ако нема проблеми со нивното финансирање.