Наместо бакшиш, добила лото ливче

Од:

Аурора Кепарт (25) минатиот четврток работела во ноќна смена во едно кафуле во Спрингфилд, во американската сојузна држава Орегон.

Еден постојан гостин на локалот наместо класична парична напојница и понудил од купчето уплатени ливчиња лотарија да одбере две. Таа го послуша, а подоцна проверила дали среќата и се насмевнала.

Првото ливче и донесе пет долари, додека второто и донесе вистинско мало богатство, дури 17.500 американски долари.

Аурора веднаш се обидела двете ливчиња да ги врати на редовниот муштерија. Мажот само се насмевнал, одбивајќи „бакшишот“ да го земе назад.

– Ме шокираше. Мислам, кој би очекувал такво нешто? Ова е фантастично. Малку очите ми се насолзија, раскажа подоцна Аурора.

И покрај освоените награди таа ноќ не престанала да работи во кафулето, а парите ги подигнала наредниот ден.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ