Италијанските власти известија за 171.263 нови случаи на коронавирус во саботата, во однос на 179.106 претходниот ден објавени од Министерството за здравство, додавајќи дека дневниот број на смртни случаи се намалил од 373 на 333.
Од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година, Италија има регистрирано 143.296 смртни случаи поврзани со Ковид-19, втор најголем број на смртни случаи во Европа по Велика Британија и деветти во светот.
Земјата досега има пријавено 9,8 милиони случаи на инфекција со коронавирус.
Бројот на пациенти кои се на болничко лечење за Ковид-19 е 19.442, намален во однос на 19.485 пациенти претходниот ден.
На одделите за интензивна нега се примени 121 нов пациент, наспроти 148 во петокот. Вкупниот број на пациенти на одделот за интензивна нега е намален од 1707 на 1676.