Највисоко ниво на тревога во северна Франција и во Италија

Од:

Во северна Франција е зголемена безбедноста на највисоко ниво откако во текот на денот двајца осомничени извршители на нападот во Париз ограбија бензиска станица, изјави премиерот Мануел Валс.

Двајца џихадисти беа забележани во реонот на северниот град Вилер-Котре, 80 километри од Париз, каде беа испратени припадници на силите за специјални операции и на жандармеријата.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано денеска истакна дека Владата подготвува антитерористички закон против така наречените странски борци.

– Владата планира да донесе закон со кој ќе биде дозволено да се конфискуваат пасошите на осомничените терористи, кои одлучиле да заминат од Италија. Законот ќе и овозможи на полицијата да ги затвори интернет-страниците за џихадистичка пропаганда и за врбување на џихадисти, посочи Алфано.

Тој додаде дека властите следат 53 осомничени џихадисти кои поминале низ Италија.

Исламска држава минатата година се закани со напади во Рим и во Ватикан.

Би можело да ве интересира

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски