Највисокиот хотел во светот ќе биде отворен следната година во Пјонгјанг, што преставува обид на Северна Кореа, која е притисната од меѓународните санкции и сиромаштијата, да заработи нешто девизи со зајакнување на туризмот. Хотелот Риугионг, зграда со пирамидна форма со 105 кратови, се гради веќе речиси 30 години, а делумно ќе биде отворен во јули или август, соопштено е работниот Форум во Сеул.
Рето Витвер, директор на германската компанија за хотелски менаџмент „Кемпински“, рече дека оваа фирма ќе биде прва западна компанија што слободно работи во Северна Кореја и ќе управува со новиот хотел, јави агенцијата „Блумберг“.
– Ова пирамидно чудовиште ќе ги монополизира сите работи во градот. Си реков себеси дека мораме да го добиеме овој хотел како знаеме и умееме зашто ќе биде машина за правење пари ако Северна Кореја се отвори – рече Витвер.
„Кемпински“, компанија со седиште во Минхен, ќе се занимава со менаџментот, а египетската холдинг компанија ОТМТ, која се занимава со телекомуникации, ќе го финансира градењето на хотелот во рамките на договорот вреден 400 милиони долари за купување на лиценца за мобилна телефонија, која ја доби во 2008 година.
Компанијата со седиште во Каиро веќе вложи 180 милиони долари во довршување на хотелската фасада. Витвер (64), швајцарски хотелиер, рече дека Севернокорејците го контактирале уште пред 10 години. Прв му се обратил Ри Чол, тогашен амбасадор на Северна Кореја при ОН и ментор на поранешниот лидер Ким Јонг Ун.
– Ри барал нов инвеститор за хотел од моментот кога градењето е прекинато во 1993 година поради недостиг на финансиски средства и лошото водење на целата работа – рече Витвер. Риугионг со 330,02 метри ќе биде највисокиот хотел во светот, се наведува во податоците на компанијата „Емпорис“, која собира податоци за зградите од голема јавна или економска вредност.