Најверојатно крај на програмата Еурофајтер

Од:

 Ербас Груп и нејзините партнери ќе прекинат со призводството на авионот Еурофајтер во 2018 година, ако не добијат нови нарачки за извоз на тој борбен авион, преудпреди денеска во воената филијала на Ербас, Бернхард Герверт, јавува дописникот на МИА од Париз.

– Некои конечни одлуки треба да бидат донесени, но наш став е дека нема да има фаза ЗБ, изјави тој. Фазата ЗБ ги подразбира последните нарачки на Еурофајтер предвидени при почнувањето на меѓународната програма пред околу 25 години од страна на Германија, Велика Британија, Шпанија и Италија.

Еурофајтер е заеднички проект на Ербас, британската БАЕ Системс, италијанската Финмеканика.

Во моментов се водат преговори за продажба на Еурафјтери надвор од Европа, како во Катар, Саудиска Арабија, Кувајт и Малезија. Но, на сите пазари конкуренцијата е жестока. Тука е францускиот Рафал, кој исто така тешко се извезува надвор од Франција, шведскиот Грипен и се разбира неизбежната лепеза на понуди од САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм