Најстарата француска нуклеарна централа престана со работа

Од:

Нуклеарната централа Фесенхајм на истокот од Франција на самата граница со Германија од ноќеска повеќе не функционира, откако во 23 часот беше исклучен и вториот реактор.

Фесенхајм е најстарата француска нуклеарна централа и таа работеше во текот на изминатите 43 години на брегот на Рајна.

Демонтирањето на нуклеарната централа, прво од ваков вид во Франција ќе трае повеќе децении , се до 2040 година. Најпрво во 2023 година треба да заврши вадењето на горивото кое е високо радиоактивно, а самото демонтирање започнува во 2025 година. Во Франција има уште 56 реактори од ваков вид кои се активност.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски