„Најсиромашниот претседател“ им ја подари куќата на сирачиња од Сирија

Од:

Стотина деца кои останаа сираци во војната во Сирија можат да се сместат во домот на поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика.

Децата може да пристигнат во наредните денови, доколку имаат придружба од барем еден полнолетен Сириец.

Уште не е познато колку деца ќе прими екс претседателот на Уругвај во својата летна резиденција, со оглед дека уругвајската влада ќе биде одговорна за сите трошоци.

Тој е познат како „најсиромашниот претседател на светот“ кој вози Фолксваген буба, живее на фарма, а месечната плата од 12.000 долари ја донира во добротворни цели.

Неговата сопруга Луција, кажа дека овој потег треба да ги мотивира сите земји во светот да ја преземат одговорноста за катастрофата што се случува.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти