Најсилни докази досега за живот на Марс

Од:

Карпите од еден кратер, што се се создал по ударот на метеорит, можеби содржат досега најсилни докази за постоење на живот на Марс, тврдат двајца британски научници.

Професорот по геохемија Џон Парнел и др. Џозеф Михалски, планетарен геолог, ангажиран во лондонскиот Природно-историски музеј, тврдат во заеднички изработената студија дека откриле најдобри знаци за животот на „црвената планета“.

Студијата на двајцата британски научници е објавена денеска во најновото издание на научното списание „Нејчер Геосајанс Џорнал“.

Во студијата двајцата Британци велат дека составот на камењата што се создадени при ударот на метеор на површината од Марс, се содржат гипс и минерали што се создале под влијание на водата, која е неопходен елемент за животот.

Во изјава за лодонските медиуми, дадена денеска од лабораторијата во Абердин, во Шкотска, Парнел и Михалски велат дека „сосема блиску се до откритието дали има, или имало некогаш живот на Марс.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ