Јавниот обвинител на Париз Франсоа Молан го соопшти најновиот црн биланс од терористичките напади, 129 мртви и 352 ранети лица од кои најмалку 99 се во критична состојба. Во нападите загинаа и седум терористи.
Планот „Вижипират“ за безбедносните мерки од вечерва е засилен и во прекуморските департмани и територии на Франција.
Според информациите на француските медиуми, двајца од седумте терористи се идентивикувани како Исмаел М. и Абдулкакбак Б. Ако првиот и бил познат на полицијата за прекршоци од кривична природа, вториот не регистриран во полициската евиденција.
Весникот Волстрит журнал тврди дека еден од терористите кој делувал околу Стадионот на Франција во Сен Дени, најпрво се обидек да влезе во стадионот. При безбедносната контрола на влезот, еден од чуварите го открил појасот со експлозив што го носел на него. Во тој момент тој ја активирал бомбата. Според полицијата, неговата цел била да ја активира внатре во стадионот.
Полицијата е убедена дека исламистите што ги предизвикаа крвавите напади во Париз се професионални, многу координирани, постапувајќи со методи на командоси и неверојатна смиреност. Јасно кажано, профил на млади борци вратени од воените зони.
Полициски извори потврдија дека во саботата наутро е пронајден сириски пасош во близина на Стад де Франс, до трупот на еден од напаѓачите. Овај пасош бил регистриран во Грција во октомври, изјави грчкиот заменик министер задолжен за полицијата. Тој влегол во Грција на 3 октомври 2015, но не е кажано дали е контролиран на другите граници и како и преку која земја дошол во Франција. Според грчките власти, Франција побарала и од другите земји да извршат истрага за ова лице.
Францускиот премиер Мануел Валс потврди дека ќе се одржи конференцијата за климата КОП21 исто како и регионалните избори, бидејќи како што рече, не треба да се попушти пред терористите.
Претходно тој во интервјуто за ТФ1, изјави дека Франција е во војна. – Ние ќе го нападнеме тој непријател за да го уништиме. Франција е одлучна да победи во оваа војна, рече Валс.
Во знак на почит за загинатите во нападите, Ајфеловата кула ќе остане изгасната цела ноќ.