Најмладиот од тројцата осомничени за нападот врз „Шарли ебдо“ и се предаде на полицијата

Од:

Најмладиот од тројцата осомничени, кои се бараат од француската полиција поради вчерашниот крвав напад врз редакцијата на неделникот „Шарли ебдо“, 18-годишниот Хамид Мурад, и се предаде на полицијата.

Според француската телевизија „и-Теле“, можно е Мурад да и се предал на полицијата бидејќи има алиби дека не е виновен. Негови пријатели тврдат дека во моментот на нападот тој се наоѓал во училиште. Полицијата ги проверува информациите.

По останатите двајца, браќата Саид Куаши (34) и Шериф Куаши (32), кои имаат алжирско потекло, но се родени во Париз, се уште се трага. Според анонимен извор, синоќа биле задржани на сослушување неколку лица блиски на двајцата браќа.

Шериф е џихадист, кој им е добро познат на антитерористичките служби. Полицијата објави фотографии од напаѓачите кои се во бегство и упати повик за соработка до очевидците на трагедијата, предупредувајќи дека тие се вооружени и многу опасни.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој вчера веднаш пристигна на местото на злосторството, го нарече нападот „исклучително варварски чин“.

Франција го зголеми нивото на терористичка закана до максимален степен и распореди над 800 дополнителни војници, кои ќе ги обезбедуваат медиумите, религиозни објекти, транспортот и други места, кои би можеле да бидат евентуална мета на напад.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски