Три лица загинаа на италијанските Алпи во свлечиште предизвикано од силната бура со обилни дождови, соопштија локалните власти.
Свлечиштето се случило синоќа во гратчето Сан Вито ди Кадоре во близина на скијачкиот центар Кортина д’Ампецо.
Од под наносите денеска беа извадени телата на еден полски државјанин, на еден тинејџер и на уште еден маж, чија националност не е позната.
Претставник на италијанската пожарникарска служба изјави дека потрагата продолжува, но оти се надева дека нема повеќе жртви.