Најмалку три лица загинаа во израелскиот град Бершеба

Од:

Арапски државјанин уби најмалку три лица во израелскиот град Бершеба, а потоа напаѓачот бил ликвидиран со огнено оружје, соопштија денеска полицијата и итната медицинска помош.

– Веројатно станува збор за само еден терорист кој убил со нож, изјави портпаролот на полицијата Ели Леви на ТВ каналот 13.

Тој истакна дека еден цивил ја презел иницијативата и пукал во напаѓачот.

Службата за итна медицинска помош соопшти дека напаѓачот убил три лица, маж и две жени, а повредени се уште најмалку три лица, од кои едното се наоѓа во тешка состојба.

Израелските медиуми наведуваат дека напаѓачот е арапски државјанин на Израел, но полицијата не го идентификувала веднаш јавно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел