Најмалку шест лица погинаа и десетици се повредени при уривањето на четирикатница во изградба во источна Руанда, соопшти полицијата, додавајќи дека заедно со војската е покрената потрага по преживеаните во урнатините.
Се уште не е откриена причината за инцидентот што се случи во вторникот вечерта во источниот дистрикт Нисагатаре, нити колку луѓе се наоѓаат под урнатините.
Портпаролот на полицијата Кристоф Семухунгу изјави дека меѓу повредените се наоѓаат 30-тина работници, како и дека повеќето од нив имаат полесни повреди.
Нагласено е дека на градилиштето биле вработени 45 работници, но во моментот на несреќата веројатно сите не се наоѓале на работа.
Во последните неколкугодини има чести случаи на урнувања на згради во источна и централна Африка. До вакви несреќи најчесто доаѓа заради инсистирање на сопствениците да се намалат трошоците на изградбата.