Најмалку шестмина загинати при експлозија во хемиска фабрика во Чешка

Од:

Најмалку шест лица загинаа, а две други се повредени денеска при експлозија во хемиска фабрика во чешкиот град Кралупи над Влтавоу, на 16 километри северно од Прага.

Експлозијата се случила во еден од нафтените резревоари на фабриката „Унипетрол“, која се занимава со преработка на нафта и со производство на пластична маса.

Според првичните резултати од истрагата, експлозиајта се случила додека група работници го чистеле празниот резревоар. Причините за експлозијата засега не се познати.

Компанијата соопшти дека при инцидентот во воздухот и околината не биле ослободени штетни материи и дека не постои опасност од нови експлозии.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница