Во напад на американски беспилотен авион убиени се најмалку шестмина осомничени екстремисти, а повредени се четворица други во далечен регион во Северозападен Пакистан, во близина на границата со Авганистан, јавија пакистанските безбедносни служби.
Дроновите извршиле напад со две ракети врз куќа, што била користена како база од страна на екстремисти, во Датахел, село во Северен Вазиристан, соопшти локален племенски лидер.
Засега не се објавени информации за идентитетот на убиените.