Најмалку шест лица беа убиени, а неколку ранети откако вооружен човек вчера отвори оган во Киев – соопштија украинските власти.
Овој инцидент се случи во округот Холосински во јужниот дел на Киев.
Игор Клименко, министерот за внатрешни работи, рече дека вооружениот човек, кој живеел во соседството, почна да пука по луѓе на улицата и зема неколку луѓе како заложници во блискиот супермаркет.
Клименко рече дека напаѓачот е убиен во супермаркетот во размена на оган со полицијата.
Мотивите за овој напад засега се непознати.
Точниот број на жртви е исто така непознат, а украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека 14 лица се повредени, вклучувајќи и 12-годишно момче.
Тој објасни дека четири лица се убиени на улица и дека жената, за која се верува дека имаше околу 30 години, почина подоцна во болница. Напаѓачот, исто така, уби еден заложник.
Полициските преговарачи разговараа со напаѓачот 40 минути додека тој беше во супермаркетот, рече Клименко.
Четирите заложници беа ослободени.
Руслан Кравченко, главниот обвинител, објави дека 58-годишниот напаѓач е роден во Москва и дека користеше автоматско оружје во пукањето.
Полициските службеници кои избегаа од напаѓачот за време на вчерашниот терористички напад во Киев се суспендирани од должност, објави шефот на украинската национална полиција, Иван Вихивски.
– По наредба на министерот за внатрешни работи, Игор Клименко, започната е официјална истрага за постапките на патролните полицајци на местото на пукањето во округот Голосеев – рече Вихивски, пренесува „Униан“.
Тој нагласи дека, за време на истрагата, полицајците кои избегале од местото на терористичкиот напад се суспендирани од должност.
– Мора да ги утврдиме сите околности на инцидентот без исклучок: се проучуваат достапните видео материјали, вклучително и оние дистрибуирани на интернет, а сведоците се испрашуваат – истакна тој.
Сите собрани информации ќе бидат доставени до Државното биро за истраги.
