Најмалку шест лица загинаа при уривање на шесткатница во Каиро

Од:

Најмалку шест лица загинаа денеска во Каиро при уривање на шесткатница, соопштија египетските власти.

Спасувачите ги пребаруваат урнатините, а засега не е познато што го предизвикало уривањето на објектот.

Властите веруваат дека шестчлено семејство било во шесткатницата кога таа се урнала утрово. Соседната зграда остана без дел од надворешниот ѕид.

Уривањата на зградите се вообичаени во Египет, поради лошата градба и несоодветното одржување во сиромашните квартови и руралните области.

Владата се обиде да се справи со дивоградбите во последниве години, по децении лошо спроведување на законот, но се уште има населби во Каиро со нелегални згради.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Три лица загинаа, а 32 лица се повредени во пожар во болница во Каиро

Горан Наумовски

Србин баран со потерница уапсен во Египет: Упаднал во вила во близина на рускиот конзулат во Каиро

А1он

ВИДЕО: Се урна станбена зграда во Каиро, загинаа три лица

Горан Наумовски

Најмалку 17 загинати во сообраќајна несреќа во јужниот дел на Египет

А1он

22 лица загинаа во нелегално надградена зграда во Каиро

Катерина Ѓуровски