Најмалку 17 загинати во сообраќајна несреќа во јужниот дел на Египет

Од:

Најмалку 17 лица загинаа, а четири се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи во јужниот дел на Египет.

Несреќата се случила при судар на патничко комбе со камион на автопатот во округот Јухајна во провинцијата Сохаг, 390 километри јужно од Каиро.

Со возила на службата за итна медицинска помош повредените се префрлени во регионалните болници.

Сообраќајните несреќи се чести во Египет, во нив годишно гинат повеќе од илјада лица. Причина за несреќите се пребрзо возење, лоши патишта и недоволното спроведување на сообраќајните закони

Извор МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

29-годишен Прилепчанец загина во сообраќајна несреќа на Плетвар

Орце Костов

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

Египет бара формирање независна држава Палестина

Македонец со „клио“ прегазил дете на пешачки во Загреб

А1он