Најмалку шест непалски планински водачи загинале, а деветмина се исчезнати по пад на лавина во подножјето на Еверест, соопштија непалските власти.
Лавината паднала врз патека, која води до еден од камповите на 6.400 метри височина и која е користена за искачување на највисокиот врв во светот. На помош дошле и други спасувачи и алпинисти, а од Катманду бил испратен хеликоптер.
Водачите тргнале рано утрото за да ги фиксираат јажињата за алпинистите, кога лавината паднала врз нив непосредно под Кампот 2.
Во кампот се собрале стотици алпинисти и нивните водачи, подготвувајќи се за последниот обид да го искачат 8.850 метри висок врв во почетокот на идниот месец, кога ќе се подобрат метеоролошките услови.