Најмалку седуммина загинати во напад врз хотел во Мали

Од:

Најмалку седум лица загинаа денеска во напад врз хотел во градот Севаре, во централниот дел од Мали, во кој најчесто престојуваат странци.

Како што соопшти претставникот на армијата на Мали, Сулејман Мајга, меѓу загинатите се четворца војници, двајца од напаѓачите и еден цивил – странски државјанин.

Мајга информира дека е можно при нападот врз хотелот „Дебо“, кој, според него, го извршиле милитантни исламисти, да се киднапирани и тројца руски пилоти.

Од друга страна, како што јави ТАСС, руската Амбасада во Мали ги негираше информации за киднапирани Руси при нападот.

– Таквите информации се невистинити. Не знаеме од каде потекнува оваа инфромација, соопшти Амбасадата.

Реонот околу хотелот се уште е блокиран од страна на безбедносните сили.

Властите не ја исклучуваат можноста дека целта на нападот било киднапирање на странски државјани, имајќи пред вид дека во хотелот често престојуваат припадници на мировната мисија на ОН во Мали.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска