Најмалку седум лица загинаа денеска во експлозија на автомобил-бомба во алавитски кварт во централниот сириски град Хомс, соопшти гувернерот на истоимената провинција, Талал Барази.
Тој истакна дека во нападот, извршен на трговската улица, се ранети 30 лица, од кои некои се во тешка состојба.
Најмалку 54 лица, меѓу кои 47 деца, беа убиени во напад во истиот кварт Акрама, на 1 октомври. Во јуни во тој дело до Хомс исто така се случија два напада.
Акрама е населен претежно со алавити, кон кои припаѓа и сирискиот претседател Башар ал Асад. Жителите на квартот го поддржуваат режимот на Асад.