Најмалку петмина загинаа во силен земјотрес во Перу

Од:

Силен земјотрес го погоди југозападниот дел на Перу доцна во саботата по локално време, при што загина најмалку едно лице, а неколку други се повредени, јавува германската новинска агенција ДПА.

Извештаите покажуваат дека земјотресот уништил десетици куќи и 500-годишниот историски крст на Господарот на Каникруз, а голем број локални жители се обратиле до надлежните служби за помош, објавува порталот Peru21.

Перуанскиот геофизички институт (ИГП) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, додека Геолошкиот институт на САД (УСГС) ја проценил магнитудата на 5,5 степени.

Според ИГП, потресот се случил во 21:24 часот по локално време, на длабочина од 24 километри, јужно од градот Чупака во истоимената покраина.

Според првичните медиумски извештаи, во погоденото подрачје се урнале неколку објекти.

Перу често е погоден од земјотреси поради судирот на неколку тектонски плочи. Оваа андска држава, заедно со Чиле и Еквадор, се наоѓа во Пацифичкиот огнен прстен – сеизмички најактивната област на Земјата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски