Најмалку пет жртви во судир на два мали авиона над Франција

Од:

Два мали авиона се судрија во воздух над западна Франција, при што загинаа пет лица, пренесе Би-Би-Си.

Несреќата се случи вчера попладне југоисточно од градот Турс. Околу 50 пожарникари и спасувачка екипа пристигнале на местото на несреќата.

Помалиот авион, во кој имало две лица, паднал врз ограда од една куќа во Лохес, место на околу 46 километри југоисточно од Турс. Сведок на настанот изјави дека авионот се запалил по падот.

Поголемиот авион „Дијамант ДА40“ со тројца патници и двајца членови на екипажот, паднал 100 метри понатаму во ненаселена област. Сите пет лица од авионот загинале.

Се уште нема официјални информации за причините за судирот, а не се знае ниту идентитетот на загинатите.

Судири на авиони во воздухот се сметаат за многу ретки.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата