Најмалку пет тужби против членови на француската Влада за управувањето со епидемијата на Ковид-19

Од:

Пет тужби против членови на француската Влада за управување со епидемијата Ковид-19 се поднесени во Судот на Републиката, надлежен да суди за дела на членови на Владата додека се на функција, јави дописникот на МИА.

Овие тужби, кои ги поднеле лица кои не се заразени со коронавирусот или здруженија, се однесуваат на премиерот Едуард Филип и поранешниот министер за здравство Ањес Бузин или нејзиниот наследник во моментот на функцијата Оливие Веран.

Тужителите ги обвинуваат овие членови на Владата, за загрозување на животот на другите, убиство, не пружање на помош на лица во опасност или дека не успеале да преземат навремена акција за да ја спречат епидемијата, информира судски извор. Меѓу овие тужби не е тужбата на тројцата лекари, претставници на група медицински персонал, која беше поднесена во четвртокот. Според судскиот извор, таа сè уште не стигнала до комисијата за жалби на Судот на Републиката.

Судот на Републиката е единственото тело овластено во Франција да суди за дела извршени од членови на Владата во извршувањето на нивните функции. Комисијата за жалби на Судот на Републиката сега мора да донесе одлука дали да ги прифати овие тужби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер