Најмалку пет лица загинаа на протестите во Судан против воената хунта

Од:

Најмалку пет луѓе загинаа, а неколкумина се повцредени откако суданските безбедносни сили употребија боева муниција и солзавец за да ги растераат демонстрантите кои протестираа поради зацврстување на воената власт во земјата.

Судирите избија која илјадници продемократски демонстранти повторно излегоа на улиците ширум Судан да протестираат поради минатомесечното преземање на власта од страна на армијата.

Протестите се организирани два дена откако лидерот на воениот удар генерал Абдел Фатах Бурхан се прогласи за шеф на Суверениот совет (суданската преодна влада).

Денешните протести се организирани од Суданската професионална асоцијација и така наречените Движења на отпорот. Двете групи го организираа и бунтот против поранешниот претседател Омар ал Башир во април 2019 година, а на нивниот повик се приклучија и други политички партии и движења.

Од воениот удар, според суданските лекари и Обединетите нации, убиени се најмалку 14 луѓе.

Би можело да ве интересира

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on