Најмалку осум лица загинаа, а 34 се повредени утрово во троен бомбашки напад на една автобуска станица во Гомбе, главниот град на истоимената сојузна држава во северниот дел на Нигерија.
Официјален претставник одговорен за спасувачката операција, изјави дека осум тела биле пренесени во болница.
Според портпаролот на Националната агенција за вонредни состојби, Манзо Езекиел во нападот загинале пет лица, но конечниот биланс на жртвите би можел да биде поголем.