Најмалку осуммина загинати во болницата во Кабул, талибанците негираат вклученост во нападот

Од:

Најмалку осум лица загинаа, неколку се повредени, а десетици се евакуирани во нападот врз болницата во северен Кабул, каде што „Лекари без граници“ го водат родилиштето, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Талибанците негираат вмешаност во нападот, за кој никој сè уште не ја презел одговорноста.

Властите соопштија дека неколку лекари побегнале, но многу луѓе останале во зградата откако три лица со полициски униформи упаднале во болницата и почнале да пукаат и да фрлаат бомби.

– Безбедносните сили евакуираа околу 80 лица од болницата, вклучувајќи жени и деца, изјави портпаролот на министерот за внатрешни работи.

Еден од напаѓачите бил погоден, но пукањето продолжило.

Болницата, која има сто кревети, се наоѓа во еден од најсиромашните делови на Кабул.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан