Најмалку осуммина Авганистанци се убиени во напад на талибанците врз аеродромот во Кандахар

Од:

Најмалку осум Авганистанци се убиени во офанзивата на талибанците врз аеродромот во градот Кандахар, во јужен Авганистан, пренесоа француските медиуми.

– Осум лица, цивили и војници, се убиени, изјави Самим Хпалвак, портпарол на гувернерот на провинцијата Кандахар.

Според командантот на авганистанската армија во Кандахар – Дауд Шах Вафадар, убиени се 18 лица.

Талибанците тврдат дека убиле 150 авганистански војници, но вообичаено нивните соопштенија се нагласено преувеличени, пренесоа британските меидуми.

Претставник на мисијата на НАТО „Решителна поддршка“ изјави дека меѓу меѓународниот персонал во базата нема никакви жртви.

Силно обезбедуваниот комплекс на меѓународниот аеродром во Кандахар во себе соддржи цивилен аеродром и воена база.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан