Најмалку осум лица загинаа, а околу 50 се ранети во три експлозии во Мајдугури, главен град на североисточната нигериска држава Борно.
Според некои информации, трите експлозии се случиле во близина на џамија.
Мајдугури е најголемиот град во североисточниот дел на Нигерија и повеќе пати бил цел на напади и терористички операции, извршувани од борци на радикалната групација Боко Харам.