Најмалку осум Палестинци повредени при судир со израелските војници во Западен Брег

Од:

Најмалку осум Палестинци се повредени во денешниот судир со израелските војници во селото Бурка, Западен Брег. Судирот се случи додека илјадници Израелци маршираа кон разурнатата населба Хомеш, барајќи од Владата обновување на истата.

Палестинците протестираа бидејќи армијата ги затвори патиштата за да овозможи минување на Израелци , предводени од доселениците, иако не беше одобрен маршот. Палестинците запалија автомобилски гуми и фрлаа камења врз војниците, кои возвратија со гумени куршуми и солзавец.

Неколку илјади Израелци, меѓу кои и голем број на деца маршираа речиси два километра до разурнатата нелегална населба Хомеш, каде беше организирана прослава, на која присуствуваа националистички политичари и рабини.

Населбата Хомеш беше изградена на приватно палестинско земјиште и е урната во 2005 година. Оттогаш, еврејските доселеници организираа неколку маршеви и митинзи и се обидоа да ја обноват населбата, кршејќи ги израелските закони и воените наредби.

Израел го освои Западниот Брег во Шестдневната војна во 1967 година, а потоа со децении градеше еврејски населби. Во Западен Брег денес живеат околу трите милиони Палестинци и над милион Израелци.

Палестинците планираат Западен Брег, заедно со Појасот Газа да бидат дел од идната независна држава, чиј главен град би бил источен Ерусалим.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он

Хамас ослободи четири припаднички на израелската војска

А1он

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски