Најмалку 200 лица загинаа во силниот земјотрес што утрово го погоди Непал.
Земјотрес бил со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала.
– Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од два километри, а 80 километри источно од градот Покхаре во централниот дел на земјата, на половина пат до главниот град Катманду, соопшти американскиот Геолошки институт (УСГС).
Се уште не е познат бројот на повредени лица. Според очевидците во болницата во Катманду постојано пристигнуваат повредени луѓе.
Долината Катманду е густо населена со 2,5 милиони луѓе, а квалитетот на зградите е прилично лош.
Земјотресот бил почувствувам и во Њу Делхи и други градови во северниот дел на Индија, како и во пакистанскиот град Лахоре. Земјотресот бил почувствувам дури и во Бангладеш, иако епицентарот бил на 745 километри северозападно од таа азиска земја.
Земјотресот предизвикал и лавина на врвот Еверест.