Во експлозија на автомобил бомба која што беше поставена пред министерството за финансии во Јемен загинаа најмалку две лица.
При експлозијата повредени се три лица, кои веднаш биле хоспитализирани. Полицијата се уште не знае дали автомобилот бил управуван од бомбаш-самоубиец или експлозивната направа била активирана од дистанца.
Зградата на министерството за финансии била оштетена, а според локалните медиуми бројот на загинати може да се зголеми.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.