Најмалку десет луѓе загинаа во синоќешниот самоубиствен напад во главниот град на Сомалија, Могадишу.
Нападот се случил во трговски центар во делот на Могадишу каде се лоцирани хотели, продавници и ресторани. Од детонацијата уништени се неколку згради, а 20 лица се повредени.
Одговорноста за нападот ја презеде исламистичката група Ал Шабаб.
Тоа е најсилна експлозија во Могадишу во последните неколку години. Парчиња стакло од летале и по неколку километри од местото на експлозијата.
Ал Шабаб се бори против сомалиската Влада, која има поддршка од западните сили, а е под заштита на Мисијата на Африканска унија.