Во експлозија во „улицата на црвените фенери“ во северниот нигериски град Баучи загинаа најмалку десетмина, а 14 лица се повредени, соопшти денеска нигериската полиција.
Причината за експлозијата засега не е позната, но исламистичката група Боко харам редовно напаѓа во Баучи.
Експолозијата се случи во квартот Бајан Гари, познат по борделите, кои се затворени поради полициската истрага.
Боко харам најчесто напаѓа ресторани, цркви и училишта со западна образовна програма.
Според проценка на нигериските власти од почетокот на исламистичкиот бунт во 2009 година до почетокот на годината загинале повеќе од 10.000 луѓе. Насилството се интензивира последните месеци при што загинаа над 2.000 лица. Големо внимание и осуда на меѓународната заедница предизвика киднапрањето на повеќе од 200 ученички во април во Чибок, североисточна Нигерија.