Најмалку десет загинати во самоубиствен напад во Нигерија

Од:

Најмалку десет лица загинаа кога  тинејџер бомбаш-самоубиец денеска активирал бомба на пазар на североисток од Нигерија, информираа очевидци на настанот.

Очевидците наведуваат дека околу пладне се слушнала силна експлозија на големиот пазар во државата Адамава, една од државите кои е најмногу погодена од насилството во текот на седумгодишното делување на екстремистичката организација Боко Харам, пренесуваат француските медиуми.

Никој се уште не ја презел одговорноста за нападот, но експлозиите се „заштитниот знак“ на Боко Харам, групата која често пати гаѓа цивилни мети, како пазарите, џамиите или автобуските станици, како и контролните пунктови на војската и граѓаните.

Пред два дена најмалку 13 лица беа убиени, а 30 повредени во напад на тројца бомбаши самоубијци во градот Чибок, на север од Нигерија, познат по тоа што во него Боко Харам пред две години грабна повеќе од 250 ученички.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он