Најмалку десет убиени во напад на дистрибутивен центар за пиво во Мексико

Од:

Најмалку 10 лица се убиени во напад на дистрибутивен центар за пиво во близина на Монтереј, во Мексико, соопштија денеска мексиканските власти.

Нападот е извршен синоќа од непознат број вооружени напаѓачи во градот Гарсија, во Нуево Леон. Групата влегла во центарот и отворила оган на сите кои биле присутни, изјави државниот обвинител Хавиер Флорес.

Според Флорес седум лица починале на самото место, а тројца подоцна во болница.

Флорес нагласи дека во дистрибутивниот центар се пронајдени оружје, муниција и пакети дрога подготвени за продажба.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори