Најмалку десет лица загинаа и 17 се повредени во судири меѓу завојувани племиња во Североисточна Кенија.
Членови на кланот Гарех, вооружени со пушки и рачни гранати, извршиле напад врз селото на кланот Дегодија, во близина на градот Мандера, на границата со Сомалија и Египет.
„Напаѓачите пукаа и убиваа луѓе и фрлија граната врз локалната полициска станица“, изјави командантот на локалната полиција.
Околу 16 лица загинаа од петок во етнички судири во Мандера и околните региони.
Непријателството меѓу двете племиња е поврзано со борбата за земја и за контрола врз меѓуграничната трговија со Сомалија и Египет.