Најмалку четворица загинати при бомбашки напади во Ирак

Од:

Најмалку четири лица загинаа, 11 други се ранети денеска при бомбашки напади во Ирак, извршени во области во кои мнозинството од жителите се шиити.

Како што соопшти ирачката полиција, три лица загинале при експлозија на бомба поставена крај патот во североисточното багдадско предградие Хусенија. При нападот се повредени 11 лица, меѓу кои и тројца полициајци.

Во бомбашки напад во месото Утаифија, северно од Багдад, загинал еден ирачки војник.

Бомбашки напад е извршен и во градот Кербала, кога бомбаш-самоубиец се саморазнел меѓу толпа шиитски верници пред маволзејот на имамите Хусеин и Абас. Засега нема информации за бројот на загинати и повредени при овој напад.

Според непотврдени информации, бомбашот-самоубиец бил вработен како градежен инженер задолжен за одржување на мавозлејот.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија