Најмалку четворица убиени во напад во Кенија

Од:

Најмалку четири лица, меѓу кои и двајца полицајци, загинаа синоќа во експлозија на автомобил-бомба во кенискиот главен град Најроби, соопшти Министерството за внатрешни работи на Кенија.

Нападот е извршен пред полициска станица во сиромашен кварт на градот.

Полицијата запрела автомобил и додека ги проверуваала патниците, експлодирала бомба што се наоѓала во возилото. Малку подоцна деминери контролирано детонирале и втора бомба.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, врши напади во Кенија во одмазда поради испраќањето кениски војници во соседна Сомалија, за помош на властите во борбата против екстремистите.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“