Најмалку четири лица се убиени, а 45 повредени во бран протести во вториот по големина нигериски град Зиндер против објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во францускиот весник „Шарли ебдо“.
За време на протестите гневна толпа го опожари францускиот културен центар, упадна во три цркви и нанесе штети во нив, и палеше автомобилски гуми по улиците.
Полицијата интервенираше, но на места дојде до многу жестоки судири, изјавија полициски извори.