Франција “на нозе“ – ги затвора амбасадите во муслиманските земји

Од:

Франција привремено ги затвора дипломатските претставништва во некој муслимански земји, како мерка на предострожност поради можните немири по објавувањето на карикатурата на пророкот Мухамед. Поради објавувањето на карикатурата на пророкот Мухамед во францускиот стиричен весник ”Шарли Ебдо”, властите во Парис ги превземаат сите потебни мерка за заштита на француските државјани во 20-тина муслимански земји.

Во очекување на антифранцуски протести затворени се амбасади, конзулати, културни центри и училишта, бидејќи француската држава стравува дека може да бидат можна мета на напад. Франц прес известува дека дипломатско-козуларните мисии на западите земји во исламскиот свет се со зголемено внимание во очи молитвата во петок, после која многу често следуваат протести.

Главниот уредник на весникот кој ја објави спорната карикатура, ги отфрли обвинувањата за провокација, напоменувајќи дека работата на новинарот е коментирање на актуелните случувања.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано