Најмалку 94 имигранти се удавија во близина на Лампедуза

Од:

Најмалку 94 лица, меѓу кои и четири деца, се удавија денеска при бродолом во близина на островот Лампедуза во јужниот дел на Италија.

Според спасувачките екипи, досега се спасени 151 од околу 500-те имигранти кои патувале со бродот. Најголемиот број од илегалните имигранти на бродот се по потекло од Сомалија и Еритреја.

Градоначалничката на Лампедуза Џузи Николини соопшти дека кога бродот почнал да тоне, имигрантите запалиле оган со цел да испратат сигнал за помош, но огнот се проширил и го опожарил пловилото.

Во потрагата за преживеаните се вклучени бродови и хеликоптери на крајбрежната стража и на царината, но и приватни јахти.

Во Лампедуза допатуваа и италијанските министри за внатрешни работи и за интеграција, Анџело Алфано и Сесил Киенж.

Во понеделникот, 13 имигранти се удавија при обидот од еден насукан брод да допливаат до брегот на Сицилија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале