Најмалку 90 убиени во најновиот израелски напад врз Газа

Од:

Израелската армија уби најмалку 91 Палестинец, вклучувајќи најмалку 35 деца, во нападите врз Појасот Газа и покрај договорот за прекин на огнот, соопштија медицински извори, објави Анадолу.

Израелската армија уби 31 лице на север, 42 во централните области и 18 на југ од Појасот Газа. Десетици цивили беа ранети во нападите, објави државната новинска агенција Вафа, повикувајќи се на извори во болниците во Газа.

Израелските напади погодија куќи, шатори што се користат како засолништа за раселени цивили, возило, засолниште и болница во рамките на таканаречената „жолта линија“, изјавија медицински лица за агенцијата Анадолу.

„Жолтата линија“ се однесува на зоната во која израелските сили се повлекле во согласност со договорот за прекин на огнот. Таа физички го дели Појасот Газа на два дела, лоцирани во рамките на територијата на Газа, јужно од градот Газа и северно од Кан Јунис.

Во северна Газа, израелската армија таргетираше училиште претворено во засолниште во областа Беит Лахија, при што загинаа тројца цивили и беа ранети неколку други.

Израелската армија гранатираше две куќи во населбата Ал-Наср во бегалскиот камп Шати во западниот дел на градот Газа, при што загинаа осум лица.

Нов израелски напад во среда наутро погоди џамија што служи како засолниште за раселени лица во населбата Сабра во градот Газа, изјавија очевидци за агенцијата Анадолија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хемиска фабрика погодена во Израел, прогласен е „инцидент со опасни материи“

Иран се заканува со напади на американски и израелски универзитети во регионот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Конфликтот се проширува, Израел сега има три фронта за борба

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Илјадници жртви досега во војната на Блискиот Исток

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“