Најмалку 126 лица загинаа во нападот на талибанци врз училиште за деца на војници во северозападниот пакистански град Пешавар.
Најголемиот дел од загинатите се ученици.
Пакистански министер изјави дека двајца од напаѓачите се убиени и оти се уште трае операцијата на силите за безбедност.
Кон Пешавар се упатил и пакистанскиот премиер Наваз Шариф.
Шестмина вооружени напаѓачи кои возеле мотори, успеале денеска да упаднат во училиштето откако пукале врз обезбедувањето. Во училиштето има стотици деца кои се држат како заложници.
Одговорност за нападот презеде Техрик-и-талибан-Пакистан. Потегот на терористичката група е преземен заради одмазда за убиените нивни припадници при офанзивата на армијата во гранични зони близу Пешавар, изјави нивни портпарол.
Напаѓачите во училиштето се вооружени со автоматско оружје и гранати.