Најмалку 72 лица загинаа при самоубиствен напад во Пакистан

Од:

Најмалку 72 лица загинаа, а над 150 се повредени во самоубиствен напад извршен во преполна џамија во јужниот дел на Пакистан, соопшти полицијата.

Напаѓачот го активирал експлозивот за време на религиозен ритуал во дел од храмот каде се наоѓаат само жени. Одговорноста за нападот ја преземала џихадистичката група Исламска држава.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф веднаш го осуди нападот во градот Сехван, во провинцијата Синд.

– Досега 72 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени, изјави началникот на полицијата во Синд, А. Д. Каваџа, додавајќи дека голем број од повредените се наоѓаат во критична состојба и ќе бидат префрлени во Карачи со хеликоптери и авион С-130.

Овој напад, кој е извршен во џамијата Лал Шахбаз Каландар, е најголем во серијата бомбашки напади извршени оваа недела во Пакистан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица