Бројот на загинати во нападите на Хамас врз Израел надмина 700, јавуваат израелските медиуми повикувајќи се на здравствените власти. Досега повеќе од 2.100 луѓе се ранети во нападите во Израел, според Тајмс оф Израел.
Израел претходно објави дека околу 100 луѓе биле киднапирани, откако Хамас започна напади врз Израел од Појасот Газа.
Како одмазда, Израел започна воздушни напади во кои, според палестинските власти, најмалку 370 луѓе загинаа во Појасот Газа, а околу 2.200 се ранети.